ПОГОДЕН ЏЕКПОТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА ОД 1,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ГО ДЕЛАТ ДВАЈЦА ДОБИТНИЦИ

    ПОГОДЕН ЏЕКПОТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА ОД 1,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ГО ДЕЛАТ ДВАЈЦА ДОБИТНИЦИОва е првиот погоден џекпот по повеќе од три месеци пауза (Фото: АП)

    Двајца играчи од Мисури и Тексас го освоија џекпотот од речиси 1,8 милијарди долари, втор по големина во историјата на американската лотарија Пауербол. Наградата ќе биде поделена помеѓу двајцата добитници, чиј идентитет не е откриен.

    Ова е првиот погоден џекпот по повеќе од три месеци пауза, односно по 41 извлекување по ред, поради што сумата и порасна толку многу. Тоа последен пат се случи на 31 мај.

    Двајцата добитници ќе можат да изберат помеѓу долгорочна исплата на 893,5 милиони долари и паушална сума од 410,3 милиони долари. Двете суми се без пресметан данок.

    Во првиот случај, тие ќе добијат една почетна сума, проследена со 29 годишни исплати, кои ќе се зголемуваат за пет проценти секоја година.

    Еден билет за Пауербол чини два долара, а шансите за добивка се 1 наспроти 292,2 милиона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира