ПОПУЛАЦИЈАТА НА ДИВИТЕ ЖИВОТНИ СЕ НАМАЛИЛА ЗА ДВЕ ТРЕТИНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ

    ПОПУЛАЦИЈАТА НА ДИВИТЕ ЖИВОТНИ СЕ НАМАЛИЛА ЗА ДВЕ ТРЕТИНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИУништувањето на природните живеалишта заради производството на храна е еден од главните фактори за исчезнувањето на дивиот свет (Фото: ВВФ)

    Светската популација на дивите животни се намалила за повеќе од две третини во изминатите 50 години, се вели во нов голем извештај на организацијата Светски фонд за природа, додавајќи дека катастрофалниот пад не покажува знаци на забавување.

    „Луѓето ја уништуваат природата на ниво какво што досега не е видено. Дивиот свет е во слободен пад бидејќи ги палиме шумите, ги уништуваме природните предели и претерано ловиме риби во морињата. Го уништуваме нашиот свет и со тоа ги ризикуваме здравјето, безбедноста и опстанокот на Земјата. Природата испраќа очајнички повик за помош и времето истекува“, вели извршната шефица на Светскиот фонд за природа (ВВФ), Танја Стил.

    Извештајот опфаќа илјадници различни животински видови кои научниците ги набљудувале во нивните природни живеалишта. Тие регистрирале дека популацијата на цицачи, птици, влекачи и водоземци се намалила за 68% од 1970 година.

    „Главната причина за ова е деградацијата на живеалиштата, што го вклучува и сечењето шуми заради производството на храна“, вели ВВФ, прецизирајќи дека во изминатите 20 години се изгубени речиси два милиона квадратни километри земјиште.

    Најголемите уништувања се во тропските области, како Јужна Америка и Кариби.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира