ПОРАДИ МИСТЕРИОЗНИ ЗАБОЛУВАЊА, ШПАНКА 13 ГОДИНИ ПРИНУДЕНА ДА ЖИВЕЕ ВО СТАКЛЕН КАФЕЗ

    ПОРАДИ МИСТЕРИОЗНИ ЗАБОЛУВАЊА, ШПАНКА 13 ГОДИНИ ПРИНУДЕНА ДА ЖИВЕЕ ВО СТАКЛЕН КАФЕЗЛекарите немаат решение за ретките состојби со кои Хуана Муњос се бори веќе 29 години, а нова надеж за неа е органска маска за прашина, што треба да ја добие од САД (Фото: ЦЕН)

    Жена која страда од четири ретки и животно загрозувачки медицински состојби е принудена да живее во стаклен кафез во последните 13 години.

    Без можност да ги бакне и гушне своите деца, Хуана Муњос од шпанскиот град Кадис стравува дека никогаш нема да може да го држи своето внуче. Педесет и тригодишната Муњос продолжува да сонува за тоа, а нова надеж за неа е органска маска за прашина, што треба да ја добие од САД.

    Засега, таа е принудена да биде изолирана во 25-метарски кафез, што го нарекува свој дом повеќе од една деценија.

    Лекарите немаат решение за ретките состојби со кои Муњос се бори веќе 29 години, кои вклучуваат електросензитивност, хемиска чувствителност, фибромијалгија и синдром на хроничен замор.

    Нејзината мајка вели дека први симптоми се појавија откако Хуана се породила со првото дете, кога дошла во контакт со прскани компири. Нејзината состојба потоа нагло се влошила и завршила на интензивна нега, каде што се разбудила по неколку дена.

    „Сфатив дека сето ова што ми се случува потекнува од тоа труење“, вели Муњос, која комуницира преку микрофон, додека сопругот ѝ останува најголема поддршка.

    Пред да се роди првото внуче, таа треба да добие специјална маска од Далас.

    „Внучето ќе се роди за неколку недели и знам дека некогаш ќе можам да го држам. Најлошото е што ова не е болка, туку трпам физичка и психолошка штета што не можам да живеам нормално со моите сакани“, вели Муњос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира