ПОРТРЕТ ОД КЛИМТ СТАНА ВТОРОТО НАЈСКАПО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ОТКАКО СЕ ПРОДАДЕ ЗА 236,4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ПОРТРЕТ ОД КЛИМТ СТАНА ВТОРОТО НАЈСКАПО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ОТКАКО СЕ ПРОДАДЕ ЗА 236,4 МИЛИОНИ ДОЛАРИДелото „Портретот на Елизабет Ледерер“ било насликано меѓу 1914 и 1916 година (Фото: Гети)

    Портрет од австрискиот уметник Густав Климт се продаде за 236,4 милиони долари во Њујорк, со што стана второто најскапо дело продадено на аукција.

    Шест лица учествувале во 20-минутното наддавање за „Портретот на Елизабет Ледерер“, насликан меѓу 1914 и 1916 година. Аукциската куќа „Сотбис“ не го откри идентитетот на купувачот.

    Портретот бил украден од нацистите и речиси уништен во пожар во Втората светска војна, но бил спасен во 1948. Делото му било вратено на братот на Ледерер, Ерих и останало во негова сопственост до 1983, кога го продал, според „Сотбис“. Сликата потоа станала дел од приватната колекција на наследникот на козметичката компанија „Есте Лаудер“, Леонард Лаудер и била изложена во неговиот дом на Петтата авенија во Њујорк.

    Продажбата ги надмина очекувањата откако било проценето дека ќе се продаде за 150 милиони долари.

    Најскапото уметничко дело продадено на аукција е „Салватор Мунди“, кое му се припишува на Леонардо да Винчи, кое беше продадено во 2017 за 450,3 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира