Музејот Прадо во Мадрид за првпат во јавноста ја претстави сликата на италијанскиот сликар Караваџо, за која вели дека е едно од најголемите откритија во историјата на уметноста.
Трагата на „Еве го човекот“ (Ecce Homo) била изгубена уште од 19. век, пред повторно да се појави пред три години. Се сметало дека е дело на шпанскиот сликар Хозе де Рибера, сѐ додека не беше поставена на аукција во Шпанија со почетна цена од 1.500 евра.
Неколку часа пред да биде ставена на аукција, Министерството за култура ја блокираше аукцијата поради сомневањето на Прадо дека имаат доволно докази дека е слика на Караваџо, чии дела вредат милиони, а не Шпанецот Де Рибера од 17. век. Во текот на месецов, експертите потврдија дека е дело на Караваџо.
Караваџо, кој починал во 1610 во доцните 30-ти години по бурниот живот, важи за мајстор во користењето на техниката „кјароскуро“ на осветлување за да ги направи неговите објекти да изгледаат како да оживуваат.
Сликата на Исус Христос со круна од трње е насликана помеѓу 1605 и 1609, непосредно пред смртта на Караваџо, и се верува дека некогаш му припаѓала на шпанскиот крал Филип Четврти.
„Сега можеме целосно да уживаме во сите нијанси, огромната убавина што Караваџо ја изразува преку неговата верзија на ‘Ecce Homo’“, вели Давид Гарсија Куето, раководител на Одделот за италијанско и француско сликарство пред 1800 во Музејот.
Шпанските медиуми уште во 2021 објавија дека новиот сопственик е Британец кој живее во Шпанија и кој платил 36 милиони евра за сликата. Тој склучи договор со Музејот делото да биде изложено до октомври, иако истиот може да биде продолжен бидејќи сопственикот имал желба да биде трајно изложено.