ПРЕД ЕДЕН ВЕК ВО ОХРИД ИМАЛО ПЕТ ЈАВНИ КУЌИ, ГАЗДИТЕ ГО ДЕЛЕЛЕ ЌАРОТ НА ПОЛА СО ПРОСТИТУТКИТЕ

    ПРЕД ЕДЕН ВЕК ВО ОХРИД ИМАЛО ПЕТ ЈАВНИ КУЌИ, ГАЗДИТЕ ГО ДЕЛЕЛЕ ЌАРОТ НА ПОЛА СО ПРОСТИТУТКИТЕЕдна од познатите јавни куќи во Охрид била и „Бумс келер“, а ја држеле браќата Паско и Коле Мишеви, за кои работеле пет девојки. (Фото: архивска фотографија)

    За време на Кралството Југославија, од 1920-те до 1940-те, во Охрид имало пет јавни куќи. Некои биле во центарот, некои на периферијата на градот што тогаш имал околу 6.000 жители.

    Газди биле охриѓани, а за клиентите има многу малку податоци. До овој податок хроничарите тешко можеле да дојдат, бидејќи Охрид тогаш бил мала средина каде што сите се знаеле меѓусебе и владееле традицонални семејни вредности.

    За постоењето на јавни куќи во Охрид почнал да истражува охридскиот хроничар, публицист и новинар Илија Стојановски.

    „Во Кралството Југославија во Охрид работеле пет јавни куќи дозволени со закон, со редовни гинеколошки прегледи на девојките на кои им се издавале лекарски уверенија и со кои се потврдувало дека се здрави за оваа работа. Газдите на јавните куќи редовно плаќале даноци, во спротивно биле затворани. На малолетници им би забранет влезот. Во нив работеле жени од Македонија, Србија, Бугарија и од Албанија. Плаќањето било на фер основа. Половина за девојките, половина за газдите и доста се заработувало во најстариот занает на светот”, вели Стојановски.

    Тој ги посочува и местата каде што биле лоцирани јавните куќи во тогашен Охрид.

    „Една била кај Горна Влашка Маала, кај вториот чинар на патот за Сурѓун, и ја работел Јонче Пиперко. Друга била во близина и се викала ‘Бумс келер‘, а ја држеле браќата Паско и Коле Мишеви, за кои работеле пет девојки. На местото каде што сега е рибниот ресторан била јавната куќа ‘Охридско Езеро‘ и ја држел Јонче Димзо. Малку погоре од плоштадот имало уште една кај кафанчето на Илми, а една имало и наспроти сегашната зграда на Охридска банка”, кажува хроничарот Илија Стојановски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира