ПРЕКУ ОНЛАЈН ИГРА МЛАДИТЕ УЧАТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, ЈУРОП ХАУС ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ

    ПРЕКУ ОНЛАЈН ИГРА МЛАДИТЕ УЧАТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, ЈУРОП ХАУС ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕСо играње, учесниците учат конкретни примери и ситуации поврзани со универзалните човекови права, ги препознаваат формите на дискриминација, говор на омраза и родово базирано насилство, развиваат критичко размислување и се инспирираат активно да учествуваат во градењето на правично и еднакво општество.(Фото: Јуроп Хаус)

    Преку онлајн играта „Навигатор 2.0“   Јуроп Хаус (Europe House) и Делегацијата на Европската унија во земјава ги едуцираат младите за прашања поврзани со човековите права. Станува збор за бесплатна онлајн игра на македонски и албански јазик. Играта трае три недели, од 25 ноември до 14 декември, и за квалификација за награда потребни се минимум 1.000 поени.

    Во oва издание e вклучена и глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

    „Денеска светот го одбележува 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права, ден кој потсетува дека човековите слободи, достоинството и еднаквоста мора да бидат заштитени секојдневно, а не само симболично. Годинава, овој ден го одбележуваме преку забавна, но и едукативна игра, со која на иновативен, интерактивен и забавен начин се едуцираат младите и широката јавност за клучните прашања поврзани со човековите права“, велат од Јуроп Хаус.

    Целта на „Навигатор 2.0“ е да ја доближи темата за човековите права до младите преку медиум што го користат секојдневно – онлајн интеракцијата. Со играње, учесниците учат конкретни примери и ситуации поврзани со универзалните човекови права, ги препознаваат формите на дискриминација, говор на омраза и родово базирано насилство, развиваат критичко размислување и се инспирираат активно да учествуваат во градењето на правично и еднакво општество.

    Минатогодишниот победник Александар Мојсоски. (Фото: Јуроп хаус)

    Победниците ќе бидат прогласени на 17 декември, а главна награда е ИТ ваучер од 60.000 денари. Специјални награди обезбедени се од амбасадите на земјите-членки на ЕУ, како велосипед, патување во Германија, курс по шпански, европски железнички карти и дополнителни тематски подароци.

    Минатогодишниот победник Александар Мојсоски стана пример за тоа дека еден млад човек, преку учење и ангажман, може да биде амбасадор на човековите права.

    Второто издание на играта е развиено во соработка помеѓу Јуроп Хаус, Делегацијата на Европската Унија во земјава, Обединетите Нации, „Галактик Омнивор“ како креативен партнер кој ја разви визуелната компонента, вклучително и новата портокалова планета што е карактеристичен симбол на ова издание, потоа Македонското здружение на млади правници, Министерството за образование и наука и  амбасадите на земјите-членки на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира