ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН КРАТКИОТ ФИЛМ „НАЛЕПНИЦА“ НА ГЕОРГИ М. УНКОВСКИ

    ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН КРАТКИОТ ФИЛМ „НАЛЕПНИЦА“ НА ГЕОРГИ М. УНКОВСКИЕкипата на чело со режисерот Георги М. Унковски и актерот Сашко Коцев по премиерата во киното Фросина

    Краткиот игран филм „Налепница“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски премиерно се прикажа во средата во полната сала на киното Фросина. Филмот е во продукција на „Синема футура“, и е црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

    Од продукцијата велат дека филмот се снимал шест дена повеќе локации низ Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, кој ја играше главната улога и во дебито на Унковски, краткометражниот „Пепи и Муто“. Во екипата се и: Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоскa, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

    По студиите по фотографија во САД, Унковски магистрираше режија на ФАМУ во Прага

    Кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, костимите на Роза Трајческа, додека на маската и шминката на главниот лик работеле Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.

    Георги М. Унковски е роден 1988, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологоија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на Универзитетот ФАМУ во Прага, Чешка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира