Здружението на дијабетичари „Алегрија“ сними видеа со доктори ендокринолози со препораки за сите пациенти со дијабет за време на пандемијата на коронавирус.
Лицата со дијабетес се една од ризичните категории на луѓе во пандемијата. Со цел максимално да се заштитат од самиот вирус, но и да ја задржат добрата гликорегулација македонските ендокринолози даваат практични совети и препораки како да се надмине овој период, а здравјето и крвниот шеќер да останат во добар баланс.