ПРИНЦЕЗАТА ЛЕОНОР ПОЛНИ 18 ГОДИНИ, ШПАНИЈА ЈА ЗАФАЌА ЛЕОНОРМАНИЈА

    ПРИНЦЕЗАТА ЛЕОНОР ПОЛНИ 18 ГОДИНИ, ШПАНИЈА ЈА ЗАФАЌА ЛЕОНОРМАНИЈАЛеонор, принцезата од Астурија, е престолонаследничка на шпанскиот крал. (Фото: ЕПА)

    Шпанската принцеза Леонор ќе наполни 18 години, што ја става во центарот на вниманието како престолонаследничка и покренува прашања за улогата што ќе ја игра како возрасна членка на кралското семејство. Нејзиниот роденден, во вторник 31 октомври, ќе биде одбележан со свечена церемонија во шпанскиот Парламент, на која таа ќе се заколне на верност на Уставот пред да ги прими медалите на Конгресот и Сенатот.

    Леонор на првиот училишен ден, со мајка ѝ, кралицата Летиција, и татко ѝ, кралот Фелипе Шести. (Фото: Кралска палата)

    Во очекување на настанот, шпанското кралско семејство објави серија фотографии од принцезата, од кои многу досега необјавени. Една е од нејзиниот прв училишен ден, заедно со мајка ѝ, кралицата Летиција, и татко ѝ, кралот Фелипе Шести, кој тогаш сè уште беше принц. Друга е од 2010, како го држи трофејот на Светското првенство што го освои шпанската фудбалска репрезентација. На други фотографии е со нејзината помлада сестра Софија.

    Во 2010, со трофејот на Светското првенство што го освои шпанската фудбалска репрезентација. (Фото: Кралска палата)

    За да се истакне значењето на нејзиниот роденден, ќе има и прием во Кралската палата во Мадрид, по што ќе следи семеен собир во палатата Ел Пардо близу главниот град. Објавувањето на фотографиите и серијата неодамнешни појавувања на принцезата пред нејзиниот роденден потврдуваат дека, по неколку години внимателно заштитување на нејзиниот имиџ, таа сега станува многу јавна личност.

    Во мај Леонор матурираше во колеџот Атлантик во Гламорган, Велс. (Фото: Атлантик)

    „На Леонор ќе ѝ треба сопствен наратив“, истакна кралската биографка Кармен Ремирез де Гануза, додавајќи дека „ќе мора да се поврзе со сопствената дигитална генерација“.

    Иако точната природа на тој наратив сè уште не е јасна, растењето на принцезата во возрасна членка на кралското семејство помина без проблеми.

    Во мај таа матурираше во колеџот Атлантик во долината Гламорган во Велс. Кога ѝ ја врачија дипломата, нејзините соученици врескаа и навиваа, а нејзиниот професор ја пофали нејзината „непоколеблива страст за учење, за разбирање на луѓето и истражување на различни перспективи“, како и нејзината смисла за хумор. Шпанските медиуми потоа внимателно го следеа завршувањето на основната обука на принцезата во воената академија во Сарагоса, каде што таа започна тригодишен офицерски курс. Леонор, како и нејзините соученици, беше на вежба облечена во беретка и маскирна униформа и д церемонијален меч.
    Нејзините кралски должности потоа дојдоа до израз на 20 октомври кога претседаваше со нејзините награди „Принцезата од Астурија“. Кога ги доделуваше наградите на поединци од различни области, меѓу кои и холивудската актерка Мерил Стрип и јапонскиот писател Харуки Мураками, Леонор кажа дека „целосно ги разбирам и сум свесна за моите должности и што подразбираат моите одговорности“.

    Принцезата ја заврши основната обука во воената академија во Сарагоса, каде што започна тригодишен офицерски курс. (Фото: Кралска палата)

    Веќе се зборува за „леонорманија“ со оглед на интересот за нејзиниот подем. На почетокот на оваа година се појавија гласини дека таа е романтично поврзана со фудбалерот на Барселона и Шпанија, Пабло Мартин Паес Гавира, познат како Гави. Тие извештаи се покажаа како лажни, но го истакнаа апетитот принцезата да биде дел од поп културата. Францускиот магазин „Пари мач“ објави наслов за обетките од „Булгари“ што Леонор ги носеше за церемонијата на доделување на наградите „Принцезата од Астурија“. Новинарот Хесус Рејес напиша дури и книга за Леонор низ призмата на нејзиниот вкус за мода, за кој тој тврди дека го наследила од мајка си.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира