Институтот за бои Пантон промовираше нова нијанса на црвена боја наречена „период“, за да помогне да се тргне стигмата што ја следи менструацијата.
Опишана како енергична и динамична нијанса која ја охрабрува позитивноста на менструацијата, таа е лансирана во рамките на кампањата „Видена+слушната“ на шведскиот бренд за производи за нега „Интимина“.
„Ова е самоуверена црвена боја, која треба да поттикне позитивни разговори за менструацијата. Активна и авантуристичка, таа им дава храброст и самодоверба на оние кои минуваат низ менструација да се чувствуваат горди со тоа кои се, да ја слават моќната животна сила со која се родени и да зборуваат спонтано и отворено за оваа чиста и природна животна функција“, изјави потпретседателката на Пантон, Лори Пресман.
Менструацијата и натаму останува табу тема во големи делови од светот, влијаејќи врз здравјето, образованието и социоекономскиот статус на луѓето.