ПРОПАДНА СИНЏИРОТ РЕСТОРАНИ НА ЏЕЈМИ ОЛИВЕР

    ПРОПАДНА СИНЏИРОТ РЕСТОРАНИ НА ЏЕЈМИ ОЛИВЕРБизнисите на Оливер се соочија со големи проблеми во последните години (Фото: Шатерсток)

    Прославениот готвач Џејми Оливер изјави дека е тажен што неговиот синџир ресторани прогласи стечај, поради што околу 1.300 луѓе би можеле да останат без работа.

    Вкупно 25 ресторани се погодени од оваа мерка, од кои 23 спаѓаат во групата италијански ресторани на Оливер.

    „Свесен сум колку е ова тешко за сите кои се погодени. Сакам да им се заблагодарам на сите наши муштерии кои уживаа со нас и нè поддржуваа во изминатата деценија. Ми беше вистинско задоволство да ве служам“, изјави Оливер.

    Тој се прослави со серија книги и ТВ-емисии за готвење, откако првпат се појави на британска телевизија пред 20 години. Оливер исто така водеше кампањаи за здрава исхрана, особено во училиштата. Неговите бизниси се соочија со големи проблеми во последните години, што резултираше со затворање на некои од рестораните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира