ПУТИН ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ФИЏЕТ СПИНЕРИТЕ ОТИ ГИ УПОТРЕБУВА ОПОЗИЦИЈАТА

    ПУТИН ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ФИЏЕТ СПИНЕРИТЕ ОТИ ГИ УПОТРЕБУВА ОПОЗИЦИЈАТАПопуларната играчка стана многу популарна во Русија откако опозицискиот лидер Алексеј Навални си играше со една во суд во мај. (Фото: ДПА)

    Руската агенција за заштита на правата на потрошувачите ги истражува фиџет спинерите, бидејќи, како што велат од агенцијата, популарната играчка може да биде штетна за здравјето на децата. Државната агенција Роспотребнадзор соопшти дека отворила истрага „имајќи ја предвид анксиозноста на родителите и наставниците“.

    Но, има уште една причина, не толку очигледна, за популарноста на играчката во Русија: промоцијата од политичката опозиција. Лидерот на протестите Алексеј Навални беше снимен како си игра со спинер во суд во мај и видеото стана популарно. Неколку дена подоцна, на Руската државна телевизија имаше извештај со предупредување за родителите дека спинерите можат да бидат штетни за децата и дека активистите на опозицијата ги користат играчките за да ја промовираат нивната кауза.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира