РАПЕРОТ СКАРФЕЈС ОТКРИ ДЕКА ОД КОВИД-19 МУ ОТКАЖАЛЕ БУБРЕЗИТЕ

    РАПЕРОТ СКАРФЕЈС ОТКРИ ДЕКА ОД КОВИД-19 МУ ОТКАЖАЛЕ БУБРЕЗИТЕСкарфејс во март објави дека имал позитивен тест за коронавирус (Фото: Гети)

    Американскиот рапер Скарфејс откри дека сѐ уште заздравува од уништувачките ефекти на коронавирусот врз неговите внатрешни органи, три месеци откако имаше позитивен тест.

    „Сѐ уште се чувствувам малку слабо. Немам многу сила во нозете, ниту целосно ми е повратено чувството за мирис и вкус. Но, мило ми е што сум жив“, изјави популарниот рапер од Хјустон, чие вистинско име е Бред Џордан.

    Четириесет и деветгодишниот музичар вели дека сѐ уште секој ден користи апарат за дијализа.

    „КОВИД-19 прво ги нападна моите бели дробови, а потоа и бубрезите. Белите дробови целосно ми заздравија, но бубрезите веќе не ми функционираат. Ова е многу сериозно. Од КОВИД-19 навистина може да се умре. Бев болен речиси еден месец и за малку ќе умрев“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира