РАЗГОЛЕНИ ФЕМИНИСТКИ ПРЕКИНАА МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА ГО ВЕЛИЧА РОМАН ПОЛАНСКИ

    РАЗГОЛЕНИ ФЕМИНИСТКИ ПРЕКИНАА МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА ГО ВЕЛИЧА РОМАН ПОЛАНСКИМногу важен педокриминалец, му порачаа феминистките на Роман Полански на отворањето на ретроспективата во Париз (Фото: АП)

    Разголени феминистки упаднаа на ретроспективата на режисерот Роман Полански во Париз, протестирајќи против манифестацијата, која го велича уметникот кој има низа обвинувања за сексуални напади.

    Две жени, на чии тела беше испишано „многу важен педокриминалец“, извикуваа „никакви почести за силувачи“, во моментите кога 84-годишниот Полански го презентираше својот најнов филм „Засновано на вистинска приказна“, со кој беше отворена ретроспективата.

    Тие веднаш беа избркани од престижната Француска кинотека и го продолжија протестот надвор од објектот.

    „Ако силувањето е уметнички израз, тогаш дајте му ги на Полански сите награди Сезар“, беше пораката од еден транспарент поставен пред Кинотеката.

    САД има распишано потерница по Полански за силување на 13-годишно девојче во 1977 година.

    Над 27.000 луѓе се потпишаа на петицијата, со којашто се бараше откажување на едномесечната ретроспектива на Полански, во објект што е делумно финансиран од државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира