РИМСКИОТ КОЛОСЕУМ ЌЕ ДОБИЕ СЦЕНА ЗА ДА СЕ ОДРЖУВААТ НАСТАНИ

    РИМСКИОТ КОЛОСЕУМ ЌЕ ДОБИЕ СЦЕНА ЗА ДА СЕ ОДРЖУВААТ НАСТАНИРаспаднатиот под ќе биде повторно направен до 2023. (Фото: Дезин)

    Италијанската влада планира да додаде под што може да се повлекува во Римскиот колосеум, за да може да се одржуваат настани. Според планот на Археолошкиот парк на Колосеумот и италијанското Министерство на културно наследство и туризам, распаднатиот дрвен под ќе биде повторно направен до 2023.

    „Реконструкцијата на сцената на Колосеумот е одлична идеја која се прошири низ светот. Тоа ќе биде голема технолошка интервенција која ќе им овозоможи на посетителите не само да ги видат подземните простории, туку и да ја почувствуваат убавината на Колосеумот од средината на сцената“, изјави министерот за културно наследство и туризам Дарио Франческини.

    Владата бара тим кој ќе го дизајнира подот што ќе биде поставен на средината над хипогеумот. Хипогеумот во Колосеумот бил на два спрата, и имал 80 лифтови со кој се носеле животните и гладијаторите директно во арената. Хипогеумот е отворен откако се распаднал дрвениот под.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира