РОБЕРТ ДЕ НИРО ГО ДОБИ СЕДМОТО ДЕТЕ НА 79 ГОДИНИ

    РОБЕРТ ДЕ НИРО ГО ДОБИ СЕДМОТО ДЕТЕ НА 79 ГОДИНИНајвозрасното дете на Де Ниро има 51 година (Фото: АП)

    Актерската легенда Роберт де Ниро го доби седмото дете на 79 години. Веста ја потврди и неговиот публицист, додавајќи дека нема да се објавуваат други детали, меѓу кои и името на мајката.

    На премиерата на својот нов филм „За татко ми“ (About My Father), Де Ниро збореше и за тоа како е да се има ново бебе.

    Секогаш е убаво и мистериозно и не знаеш што сè може да се случи“, кажа тој.

    Де Ниро има две деца од првиот и две деца од вториот брак, како и близнаци од врската со актерката и манекенка Туки Смит, кои сега се на возраст од 51 до 11 години. Веќе неколку години е во романтична врска со Тифани Чен. Минатиот месец, папараците снимија слики со Де Ниро и Чен (со труднички стомак) како излегуваат од ресторан во Санта Моника со Били Кристал и Харви Кајтел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира