Роберт Редфорд доби стоечки овации на филмскиот фестивал во Торонто на премиерата на „Старецот и пиштолот“, за кој 82-годишниот актер најави дека ќе му биде последен филм како глумец. Редфорд во 2016 изјави дека се уморил од глумење и дека ќе се фокусира на режијата.
Филмот е вистинска приказна за криминалец, кој на 59 години избегал од затвор со кајак, а критичарите веќе прогнозираат дека ќе му го донесе првиот Оскар за најдобар актер. Редфорд доби Оскар за режија во 1981 за „Обични луѓе“, а во 2002 и почесен Оскар.
Во новиот филм, тој го игра Форест Такер, кој направил кајак додека бил во затворот Сан Квентин во Калифорнија и со двајца затвореници избегал со него во 1979. Такер подоцна го променил името, се оженил и се здружил со друг искусен криминалец, за да извршат уште десетици грабежи. Во филмот во режија на Дејвид Ловери играат и Кејси Афлек, Сиси Спејсек и пејачот Том Веитс.
Светската премиера беше минатиот месец на фестивалот Телјурајд во САД, а во октомври ќе игра на фестивалот во Лондон.