РОБОТИ СО МИКРОКАМЕРИ НАЈДОА НОВИ ТУНЕЛИ ВО ХРАМ ВО ПЕРУ

    РОБОТИ СО МИКРОКАМЕРИ НАЈДОА НОВИ ТУНЕЛИ ВО ХРАМ ВО ПЕРУРоботите, кои беа управувани од теренски возила, се дизајнирани од инженерите од Универзитетот во Стенфорд (Фото: АФП)

    Роботи со микрокамери и рефлектори им помогнаа на археолозите во Перу да откријат три нови подезмни тунели полни со керамики, орудија и човечки остатоци во храмот Чавин де Хуантар на Андите, стар повеќе од 3.000 години, објави министерот за култура.

    Роботите, кои беа управувани од теренски возила, се дизајнирани од инженерите од Универзитетот во Стенфорд.

    „Во еден од тунелите имаше остатоци од три тела, а за едното претпоставуваме дека било жртвувано“, изјави Џон Рик, арехолог од Стенфорд.

    Чавин де Хуантар бил религиозен и административен центар на Андите. Именуван е по народот Чавин кои живееле во централниот дел од Андите пред повеќе од 2000 години.

    Археолошкиот локалитет е под заштита на УНЕСКО од 1985 години, а досега се откриени 35 подземни тунели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира