Роман на француската писателка Симон де Бовоар (1908-1986) кој за време на нејзиниот живот бил оценет дека е „премногу интимен за да биде издаден“, за првпат ќе биде објавен до крајот на годинава.
Приказната во романот „Нераздвојни“ на познатата писателка и феминистка е за „страсното и трагично пријателство“ кое таа го имала со младата девојка Елизабет Заза Лакоан, која починала од енцефалитис на 21 година. Романот е напишан во 1954, во прво лице.
Издавачот вели дека романот бил „премногу интимен“ за нејзиното време, но дека неодамна бил пронајден во семејната архива од нејзината ќерка Силиви Ле Бон-де Бовоар, која го напишала предговорот. Нејзината ќерка за „Њујорк тајмс“ изјавила дека првично романот го нашла во 1986, брзо после нејзината смрт, но дека дури сега можела да се посвети на негово објавување.
Книгата во октомври ќе излезе во Франција, а на англискиот пазар следната година.
„Срцето на приказната го содржи пријателството помеѓу две жени кои се борат против стереотипите за тоа како треба да се однесува една жена во раните 1920-ти во Париз: побожна, послушна и должна уште од младоста да ги тргне настрана своите интереси и страсти“, вели издавачот.