Романската полиција казни жена за пребрзо возење, која се правдала дека морала да брза за да не ѝ изгори колачот. Жената изјавила дека го оставила колачот во рерна, на денот пред прославата на православниот Велигден.
Полицијата забележала дека таа возела со брзина од 176 километри на час, што е далеку над дозволеното на тесен селски пат во југоисточниот дел од земјата. Таа рекла дека печела милиброд, традиционален колач со суво грозје или јаткасти плодови, кој се готви за Велигден.
Жената била казнета со повеќе од 1.800 леи (410 долари), што според полицијата би било доволно за „20 веќе испечени милиброд колачи од врвен квалитет“.
Дополнително, нејзината возачка дозвола била одземена на четири месеци, па така сега „ќе има доволно време како пешак да ги научи сите тајни на печењето“, изјавиле полицајците.



