РУСКИОТ НАСЛЕДНИК НА „МЕКДОНАЛДС“ ГО ЗАМЕНИ „БИГ МЕК“ СО „БИГ ХИТ“

    РУСКИОТ НАСЛЕДНИК НА „МЕКДОНАЛДС“ ГО ЗАМЕНИ „БИГ МЕК“ СО „БИГ ХИТ“Новиот бренд „Вкусно и точка“ почна со работа во јуни (Фото: АП)

    Желни за „биг мек“ откако „Мекдоналдс“ ги затвори своите руски ресторани во март, Русите од следната година ќе можат да јадат негова алтернатива наречена „биг хит“.

    Рускиот ланец на ресторани за брза храна „Вкусно и точка“, кој е своевиден наследник на „Мекдоналдс“, објави дека „биг хит“ со својот нов препознатлив сос ќе биде достапен од февруари, додека производ сличен на „хепи мил“ ќе се врати како „кидс комбо“.

    Мекдоналдс“ ги затвори сите свои ресторани во Русија набргу откако Владимир Путин лансираше инвазија на Украина и потоа ја продаде локалната лиценца на рускиот бизнисмен Александар Говор, кој го претстави новиот бренд во јуни. Сепак, постојат ограничувања во бои и производи што „Вкусно и точка“ смее да ги користи, па така веќе не можеше да го служи класичниот бургер „биг мек“ заедно со сосот.

    „‘Биг хит‘ доаѓа со сопствен сос и со нешто изменета композиција. Се надеваме дека тој ќе стане симбол на ‘Вкусно и точка‘ како што ‘биг мек‘ е на ‘Мекдоналдс‘“, изјави извршниот директор на компанијата Олег Пароев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира