САУДИСКА АРАБИЈА ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА ВОЗАТ

    САУДИСКА АРАБИЈА ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА ВОЗАТСаудискиот крал Салман ја укина забраната за издавање возачки дозволи на жени. - Жена вози автомобил во Ријад како дел од кампањата за непочитување на забраната за жени да возат (Фото: АП)

    Жените во Саудиска Арабија добија право да возат откако кралот Салман издаде декрет со кој што се дозволува возачки дозволи да им бидат издавани и на жени. Забраната за жени да возат беше еден од столбовите на саудискиот конзерватизам и едно од главните барања на активистите за реформи во кралството.

    Декретот на саудискиот крал доаѓа среде опширна реформска програма и следува по минатонеделното укинување на забраната за жени да присуствуваат на спортски натпревари. Ова е најголемата општествена промена во Саудиска Арабија, каде што улогата на жената во јавниот живот е драстично ограничена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира