СЕ ПРОДАВА ПРИВАТНИОТ АВИОН НА ЕЛВИС ПРИСЛИ ЗА 2 ДО 3.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    СЕ ПРОДАВА ПРИВАТНИОТ АВИОН НА ЕЛВИС ПРИСЛИ ЗА 2 ДО 3.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИЕлвис Присли го дизајнирал авионот со виолетови седишта кои сега се во очајна состојба - (Фото: АП)

    Приватниот авион на рок легендата Елвис Присли е ставен на аукција на пистата во Њу Мексико каде што е паркиран веќе 30 години.

    Црвениот Локид Џетстар, еден од многуте летала што бил во сопственост на кралот на рокенролот, нема мотори и му треба рестварација на пилотската кабина. Елвис ја дизајнирал внатрешноста на авионот  со виолетови седишта и тепих.  Авионот е извор на мистерии во Росвел, Њу Мексико каде што останал недопрен и паркиран на платформата на малиот аеродром.

    Црвениот Локид Џетстар, еден од многуте летала што бил во сопственост на кралот на рокенролот, нема мотори и му треба рестварација на внатрешноста (Фото: АП)

    Аукциската куќа што го продава очекува авионот на Елвис да достигне цена од 2 до 3 и пол милиони долари. Од фотографиите што се објавени се гледа дека и внатрешноста и кокпитот се во многу запуштена состојба.

    Присли е роден во Тупело на 8 јануари 1935 година, а се преселил во Мемфис со неговите родители на 13 годишна возраст. Тој стана водечка фигура на рокабили сцената. Познат по неговите провокативни настапи тој остана запаметен како рокенрол икона на 20 век. Историчарите велат дека неговата музика помогнала и во борбата против расната сегрегација во САД.

    Елвис Присли умре на 42 годишна возраст на 16 август 1977 година во Мемфис.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира