СЕЛИН ДИОН ОБЈАВИ ДЕКА БОЛЕДУВА ОД РЕТКО НЕВРОЛОШКО ЗАБОЛУВАЊЕ

    СЕЛИН ДИОН ОБЈАВИ ДЕКА БОЛЕДУВА ОД РЕТКО НЕВРОЛОШКО ЗАБОЛУВАЊЕДион ги откажа турнеите во САД и Канада, а европската турнеја која треба да почне во мај сѐ уште не е откажана. (Фото: АП)

    Светската поп ѕвезда Селин Дион објави дека ѝ е дијагностицирано ретко невролошко нарушување наречeно синдром на вкочанетост (stiff-person syndrome) и дека мора ја презакаже турнејата за 2023. Канадската пејачка ја сподели веста за болеста преку емотивно видеообраќање.

    „Веќе подолг период се соочувам со здравствени проблеми и навистина ми беше тешко да ги прифатам овие предизвици и отворено да разговарам низ што поминувам. Неодамна ми беше дијагностицирано ова нарушување, кое се јавува кај еден човек во милион. И додека сѐ уште учиме за оваа ретка состојба, знаеме дека ги предизвикува грчевите кои ги имам. За жал, овие грчеви влијаат на моето секојдневие. Ми прават проблеми при движење или не ми дозволуваат да ги користам гласните жици како што сум навикната“, вели 54-годишната ѕвезда.

    Станува збор за ретко автоимуно заболување, кое почесто ги погодува жените отколку мажите. Научниците сѐ уште не знаат што го предизвикува ова заболување.

    Во видеото таа вели дека работи со одличен тим доктори, дека ѝ недостасуваат обожавателите, но оти  мора да се фокусира на здравјето и опоравувањето за да може да се врати со стопроцентна сила на сцената.

    Дион ги откажа турнеите во САД и Канада, а европската турнеја која треба да почне во мај сѐ уште не е откажана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира