Кога селото Ла Бањеса го зафати еден од најлошите шумски пожари во шпанската историја, дождот дојде предоцна за да го спаси. Но, сега, Божиќната лотарија ги почести неговите 10.000 жители со повеќе од 460 милиони евра.
Селаните од соседното село Виљаблино, каде што петмина локални мажи загинаа во рударска несреќа во март, исто така го купија добитното ливче и очекуваат повеќемилионска исплата.
„Победата предизвика каскада од емоции по толку ужасна година. Освојувањето на лотаријата падна од небото на место каде што има толку многу потреба од радост“, рече началникот на Ла Бањеса, Хавиер Карера.
Ел Гордо или Дебелиот, како што е позната божиќната лотарија, се состои од 100.000 броеви, секој повторуван во 198 серии, при што секоја серија е поделена на десетини. Така, секој број се повторува 1.980 пати.
Секоја десетина чини 20 евра, а за добитниот број се исплаќаат 400.000 евра за секоја десетина. Вкупно 117 серии беа продадени во Ла Бањеза, што е еднакво на 468 милиони евра.
Пожарот околу Ла Бањеса во август уништи 55.000 хектари шума, при што загинаа тројца луѓе.



