СЕНА ГО ПОПЛАВИ ПАРИЗ

    СЕНА ГО ПОПЛАВИ ПАРИЗНивото на водата сега е 4,9 метри, но се очекува да порасне до шест метри (Фото: Гети)

    Како последица на постојаните обилни врнежи, во Париз се излеа реката Сена.

    Нивото на водата достигна 4,9 метри и се очекува до сабота да порасне до шест метри, што е трипати повеќе од нормалното ниво.

    Во моментов, во градот е прогласена портокалова тревога од поплави, што е второто највисоко ниво.

    „Сега-засега, Градското собрание не планира да прогласи кризна состојба, иако се преземени некои мерки на претпазливост. Речниот сообраќај е прекинат, што значи дека за некои бродови не е безбедно да поминуваат под историските мостови на Сена“, кажа заменикот градоначалник на Париз, Колон Бросел.

    Париз ја има доживеано најголемата поплава во 1910 година, кога нивото на водата нагло пораснало на 8,62 метри. Градот буквално преку ноќ се претворил во Венеција и потоа уште два месеца останал поплавен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира