Британската музичка легенда Елтон Џон се повлекува од сцената по речиси половина век кариера, јавуваат тамошните медиуми.
Тој навести на својот сајт дека денеска попладне ќе даде официјална изјава за своите идни планови.
„Конечно донесов одлука за мојата иднина“, кратко напиша 70-годишниот Џон.
Оваа одлука доаѓа една година откако тој беше принуден да откаже серија концерти како последица на бактериска инфекција, која сериозно му го наруши здравјето. Тој тогаш помина два дена на интензивна нега.
Сер Елтон Џон продаде над 300 милиони албуми во речиси петдецениската кариера, со што е еден од најпродаваните музичари на сите времиња.
Тој почнал да настапува уште како 15-годишник, до 1970 година веќе стана голема ѕвезда во САД, а потоа и прв странски музичар на кој му беше дозволено да одржи концерт во Советски Сојуз.