Шкотска стана прва земја на светот во која средствата за менструална хигиена ќе бидат бесплатни за сите жени, откако пратениците во шкотскиот парламент го усвоија Законот за производи за менструација без провизија.
Локалните власти сега имаат законска обврска да ги обезбедат овие производи бесплатно за сите кои имаат потреба од нив.
Законот е резултат на четиригодишната кампања на пратеничката од редовите на Лабуристичката партија Моника Ленон.
„Ова е практичен и напреден закон кој стана уште позначаен во пандемијата на коронавирусот. Менструацијата не запира во пандемија и унапредувањето на пристапот до средствата за менструална хигиена никогаш не било поважно“, изјави Ленон.
Истражување спроведено меѓу млади Шкотланѓанки покажа дека една четвртина од нив има проблеми да дојде до средствата за менструална хигиена, а 10% девојчиња во Велика Британија не може да си ги дозволи.