ШПАНСКАТА ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИЧКА ЛЕОНОР ЌЕ ПОМИНЕ ТРИГОДИШНА ВОЕНА ОБУКА

    ШПАНСКАТА ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИЧКА ЛЕОНОР ЌЕ ПОМИНЕ ТРИГОДИШНА ВОЕНА ОБУКАЛеонор, која за неколку месеци ќе го заврши своето двегодишно средно образование во Велс, во октомври ќе наполни 18 години. (Фото: Гети)

    Шпанската принцеза и престолонаследничка Леонор, ќе помине тригодишна воена обука почнувајќи од август, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Шпанската монархија се бори да го поправи својот имиџ по серијата скандали во изминатата деценија, главно поврзани со поранешниот крал Хуан Карлос, кој абдицираше во 2014  во корист на неговиот син, кралот Фелипе.

    „Како и во сите парламентарни монархии (наследникот) мора да има воена обука и воена кариера“, рече Роблес по седницата на Владата.

    Владата и кралот се согласиле дека принцезата ќе се запише на факултет откако ќе заврши со военото образование. Постарата ќерка на кралот Фелипе, Леонор, која за неколку месеци ќе го заврши своето двегодишно средно образование во Велс, во октомври ќе наполни 18 години. Таа е прва во редот на наследството, освен ако не се роди машки наследник, а по неа е нејзината сестра Софија.

    „Во догледно време, врховен командант на вооружените сили ќе биде жена, а во последните години правиме многу важен напор да ги вклучиме жените во вооружените сили“, рече Роблес.

    Принцезата ќе ја помине првата година на обука на Воената академија на Армијата во Сарагоса, потоа ќе оди во поморско училиште, кое вклучува пловење со Бродот за обука на Хуан Себастијан Елкано и ќе ги заврши студиите на Генералната воздухопловна академија.

    Хуан Карлос абдицираше поради случајот за даночна измама во кој беа вклучени членови на кралското семејство и по скандалот околу неговото патување за лов на слонови во Африка во време кога Шпанија минуваше низ длабока рецесија. Поранешниот монарх живее во Абу Даби од август 2020, кога ја напушти Шпанија откако беа отворени неколку истраги во Шпанија и Швајцарија за наводна измама. Истрагите потоа беа прекинати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира