„ШПАРКАСЕ БАНКА“ И ГОДИНАВА ЈА ПОДДРЖУВА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

    „ШПАРКАСЕ БАНКА“ И ГОДИНАВА ЈА ПОДДРЖУВА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВОНаграда за социјално претприемништво „Social Impact Award“ се доделува четврта година по ред

    Сите млади кои имаат идеја за социјален бизнис можат да се пријават на конкурсот за годинашната Награда за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018“. Конкурсот е отворен до 8 мај на полноќ, на веб-страницата socialimpactaward.mk.

    Можностите што ги нуди програмата се многубројни: од финансиски награди (три тима добиваат по 2.000 евра од „Шпаркасе банка Македонија“), преку менторска помош и поддршка, до патување на Интернационалниот самит во Грузија.

    „Се надеваме дека младите навистина ја препознаваат важноста од водењето сопствен бизнис на етички начин. Нашата банка е партнер на младите креативни и иновативни умови, па затоа ги поттикнуваме сите заинтересирани да ја искористат оваа можност“, изјави Владимир Кечовски, директор на Дирекцијата за микроклиенти во „Шпаркасе банка Македонија“ на вчерашниот настан „Запознавање со жирито“.

    Иницијатор на наградата, што се доделува четврта година по ред, е Social Impact Lab, во соработка со Младиинфо, „Пакомак“, Фондот за иновации и технолошки развој и „Конто профит“, а поддршката и оваа година е обезбедена од „Шпаркасе банка Македонија“.

    „Конкурсот го затвораме на 8 мај, вторник, на полноќ. Потоа ги избираме најдобрите идеи, кои во текот на летото минуваат низ инкубација и добиваат менторски часови. Целиот циклус завршува на почетокот на ноември, кога победниците имаат можност да учествуваат на Интернационалниот самит во Грузија“, кажа националната координаторка на програмата, Марија Матовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира