ШТИП ГИ ЗАБОРАВИ ПРВИТЕ СКУЛПТОРИ АЛЕКСАНДАР СМИЛКОВ И СВЕТЕЦОТ МИЈАЛЧЕ ПАРНАЏИЕВ

    ШТИП ГИ ЗАБОРАВИ ПРВИТЕ СКУЛПТОРИ АЛЕКСАНДАР СМИЛКОВ И СВЕТЕЦОТ МИЈАЛЧЕ ПАРНАЏИЕВАлександар Смилков во времето кога по дипломирањето во Белград се вратил во Штип и почнал активно да твори / Гоце Делчев, народниот херој Ванчо Прќе и поетот Ацо Шопов,чиј споменик се наоѓа пред Домот на културата, се првите инспирации на Смилков. (Фото: СДК.МК)     

    Светецот Гаврил Светогорец, познат по роденото име Мијалче Парнаџиев кој бил роден 1926 во Штип, и помладиот негов современик, уметникот Александар Смилков роден на 19 мај пред 75 години, се првите двајца штипски вајари чии скулптури долги години го красеа Штип. Но во последните децении не само што нивните дела ги нема или се оштетени, туку локалните власти забораваат и на овие значајни уметници и на нивните скулптури.

    И двајцата завршиле вајарство во Академија за ликовна уметност во Белград . Парнаџиев во 1955, а една деценија подоцна и Смилков. Кога се вратиле во Штип, секој во свое време почнал да твори и оставиле длабоки траги во уметноста, Парнаџиев повеќе во духовната, а Смилков во практичната уметност. Тој починал прерано во 1990, а две години подоцна во Лесновскиот манастир почина и неговиот повозрасен колега Мијалче Парнаџиев како Епископ Велички Светогорец.

    Автопортрет на скулптурот Александар Смилков направен во екот на неговото големо уметничко творештво (Фото: СДК.МК)

    Пред да се замоноши на Света Гора, Парнаџиев како професор во Штипската гимназија направил повеќе скулптури кои биле поставени во градот. Денес, само една пред влезот на текстилниот комбинат „ Македонка “ стои као нем сведок на работничкото ударништво. Останатите ги нема . Додека Парнаџиев бил на Света Гора, неговиот помлад колега од 1960-те до 1990-те години ги направил сите актуелни скулптури за тоа време во Штип. Практично, цели три децении Смилков ги извајал сите споменици и спомен обележја во Штип и регионот.

    Повозрасните и помлади колеги на Смилков потврдуваат дека на датумот од раѓањето и на неговата прерана смрт општинските власти досега воопшто не се досетиле.

    „За време 48-годишниот живот тој остави големи уметнички траги во градот под Исарот. Неговите дела со години го красеа Штип.  Властите не само што не се сетиле на овие датуми туку забораваат и на нивните уметнички дела. Сојузот на борците во Штип бара обнова на споменците, а од општинските власти добива само ветувања“, велат познати штипски уметници и негодуваат што голем број спомен обележја во Штип и околината се оштетени и сквернавени.

    Младиот штипски скулптор Никола Смилков, син на Александар,с тан професор по уметност на Универзиттот „Гоце Делчев“ во Штип, а во  освои и повеќе меѓународни  награди. Тој не сака многу да зборува за татко му.

    „Голем број штипјани не знаеја дека уметничките дела се негово творештво. Тој тоа го правеше за градот, без помпезност, но со голема љубов и ентузијазам. Беше професор на Педагошката академија, а сето слободно време го посвети за добробит на Штип“, вели  Никола.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира