ШВАЈЦАРИЈА СТАНА УШТЕ ПОГОЛЕМ РАЈ ЗА БОГАТИТЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, СЕКОЈ СЕДМИ ЖИТЕЛ Е МИЛИОНЕР

    ШВАЈЦАРИЈА СТАНА УШТЕ ПОГОЛЕМ РАЈ ЗА БОГАТИТЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, СЕКОЈ СЕДМИ ЖИТЕЛ Е МИЛИОНЕРЦирих годинава беше прогласен за најдобар град за супербогатите (Фото: Гети)

    Швајцарија ги привлекува супербогатите луѓе од цел свет веќе со децении и денес во оваа земја живеат повеќе милионери од каде било на светот.

    Славните банки на земјата, дискрецијата и безбедноста, покрај неверојатните пејзажи, се само некои од причините поради кои милионерите од цел свет доаѓаат во малата алпска држава. Според банката „УБС“, пандемијата уште повеќе го зголемила интересот за луксузни имоти во Швајцарија. Цената на недвижности вртоглаво расте и најскапата е регистрирана во општината Колоњи близу Женева, 33.000 евра за квадратен метар.

    Ова делумно се должи на тоа што пандемијата ги натера луѓето да бараат поголема сигурност. Друга работа е стабилната фискална позиција на Швајцарија. Државниот долг на Швајцарија изнесува 40% од бруто домашниот производ, додека во Германија изнесува 70%, а во Франција 100%“, вели анализата на „УБС“.

    На врвот на листата на 300 најбогати луѓе во Швајцарија за минатата година биле наследниците на основачот на „Икеа“, Ингвар Кампрад. Оваа листа вклучува многу странци, како белорускиот милијардер Андреј Мелниченко, францускиот бизнисмен Жерар Вертхајмер и Шарлин Карвалјо-Хајнекен, чиј татко ја основал пиварницата „Хајнекен“.

    Кредит свис“ проценува дека 14,9% од швајцарската популација се милионери, што значи секој седми жител. Швајцарија има поголема концентрација на милионери и од Монако, а таму живеат и 135 милијардери.

    Според анализата на Бостонската консултантска група, ниедна друга земја на светот нема акумулирано толку богатство од странци кои и не живеат во Швајцарија, околу 2,4 милијарди долари, што е повеќе од она во Хонгконг и Сингапур.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира