Шведската полиција покрена потрага откако од катедрала беше украден кралски накит, по што крадците избегале со глисер.
Две бесценети круни и кралска кугла од 17. век биле земени среде ден во Стренгнес во близина на Стокхолм.
Сведоците изјавија дека виделе двајца мажи како бегаат од катедралата, во која во тој момент се одржуваше саем. Тие за последен пат биле видени на езерото Маларен.
Полицијата покрена масовна операција, но велат дека засега немаат осомничени.
„Во овој момент е 1:0 за нив. Не е можно да се стави економска вредност на овие предмети, тие се од непроценливо национално значење“, изјави портпаролот на полицијата Томас Агневик.
Украдениот накит содржи злато, драгоцени камења и бисери и им припаѓал на кралот Чарлс Деветти и на кралицата Кристина Постарата.