СНЕГ ВО ФЛОРИДА ПРВПАТ ПО 28 ГОДИНИ

    СНЕГ ВО ФЛОРИДА ПРВПАТ ПО 28 ГОДИНИЖителите на Талахаси утринава се разбудија со снег, првпат по 1989 година. - Полициско возило во Талахаси (Фото: Твитер)

    Снег падна во Талахаси, главниот град на американската држава Флорида, за првпат по 28 години додека т.н. „циклон бомба“ надоаѓа кон источниот брег на САД, предизвикувајќи сообраќаен метеж, затворање на аеродроми и рекордно ниски температури.

    Талахаси се наоѓа на самиот север на Флорида и жителите утринава се разбудија со снег, првпат по 1989 година. Националниот метеоролошки сервис во Талахаси во 8 часот по локално време објави: „Снегот стигна до Талахаси. Врнежите ќе завршат брзо во наредните 30-60 минути“.

    Властите во Флорида беа принудени да затворат делница од автопатот 10 откако падна помалку од 2,5 сантиметри снег и испратија предупредувања за внимателно возење низ областа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира