СО „БЕЛА ЧАО“ И АНТИФАШИСТИЧКИ СЛОГАНИ РИЕКА ПОЧНА ДА ГО ОДБЕЛЕЖУВА СТАТУСОТ НА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА

    СО „БЕЛА ЧАО“ И АНТИФАШИСТИЧКИ СЛОГАНИ РИЕКА ПОЧНА ДА ГО ОДБЕЛЕЖУВА СТАТУСОТ НА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТАЦентралната прослава беше во градското пристаниште, во која, покрај стотици уметници, учество зедоа и илјадници граѓани (Фото: Пиксел)

    Со антифашистички слогани и со изведба на песната „Бела чао“, Риека синоќа почна да го одбележува својот статус на Европска престолнина на културата за 2020.

    Повеќе од 70 настани се одржаа на 30 локации низ градот, а централната прослава беше во градското пристаниште, во која, покрај стотици уметници, учество зедоа и илјадници граѓани.

    „Риека го презеде статусот на Европска престолнина на културата во исто време кога Хрватска стана претседавач на Европската Унија и досега не се случило овие два важни улоги да се совпаднат во една држава“, изјави министерката за култура Нина Обуљен-Коржинек.

    Мотото на Риека ќе биде „Пристаниште на различности“, имајќи предвид дека во историјата на градот се измешани разни националности, религии и култури.

    Хорската изведба на „Бела чао“ беше проследена со антифашистички слогани, кои беа прикажани на панели поставени околу водата.

    Градот доби 40 милиони евра од Европската Унија за одбележување на својот годинашен статус, но место да гради нови згради, главно вложи во старото. Во музеј е претворен и стариот воен и товарен брод „Галеб“, кој своевремено му припаѓал на Тито.

    „Некои се скептични што го презентираме ова поглавје од нашата историја, но нашата цел е да ја покажеме целата историја на бродот, која почна многу пред Југославија и Тито. Веруваме дека бродот како музеј може да биде туристичка атракција“, изјави Ирена Крегар-Шегота, комуникациски менаџер на „Риека 2020“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира