СО МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „МАЈ ЊУЗ“ САМИ ОДЛУЧУВАТЕ КАКВИ ВЕСТИ ЌЕ ЧИТАТЕ И КОИ МЕДИУМИ ЌЕ ГИ СЛЕДИТЕ

    СО МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „МАЈ ЊУЗ“ САМИ ОДЛУЧУВАТЕ КАКВИ ВЕСТИ ЌЕ ЧИТАТЕ И КОИ МЕДИУМИ ЌЕ ГИ СЛЕДИТЕСтанува збор за првата апликација во Македонија преку која можете самостојно да ги селектирате вестите, вашите омилени категории или медиуми.

    Мобилната апликација „Мај Њуз“ (МyNewz) од неодамна е достапна за преземање на Гугл Плеј и преку неа самостојно одлучувате кои вести ќе ги читате, како и медиумите кои ќе ги следите, велат авторите на Андроид апликацијата.

    „Мај Њуз“ овозможува да ги следите најновите вести на повеќе од 250 македонски портали и станува збор за првата апликација во Македонија преку која можете самостојно да ги селектирате вестите, вашите омилени категории или медиуми.

    „Преку користењето на ‘Мај Њуз’ на брз и ефикасен начин се придонесува и кон спречување на ширење на лажните вести, како еден од најголемите проблеми на дигиталното општество кое го живееме. Затоа што вестите не ви се ‘сервирани’ туку можете да проверете дали одредена информација е распространета и по други веб-портали. На овој начин, одговорноста и кај медиумите ќе биде поголема и ќе се стремат кон поквалитетно и повистинито информирање на јавноста“, велат авторите.

    Апликацијата може да се преземе тука.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира