СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, МУЗИКОЛОЗИ ЈА ЗАВРШИЈА ДЕСЕТТАТА СИМФОНИЈА НА БЕТОВЕН

    СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, МУЗИКОЛОЗИ ЈА ЗАВРШИЈА ДЕСЕТТАТА СИМФОНИЈА НА БЕТОВЕНТим на меѓународни музиколози и експерти за вештачка интелигенција се собраа да ја комплетираат недовршената симфонија на Бетовен. (Фото: Си-Би-Ес)

    Речиси два века после смртта на Лудвиг ван Бетовен, со помош на вештачка интелигенција завршена е неговата Симфонија бр. 10. Светската премиера на делото беше минатата недела, во неговиот роден град Бон. Меѓународен тим експерти две години работеше на комплетирањето на музичкото дело.

    Бетовен почнал да ја пишува Десеттата симфонија пред смртта, но останале само неколку ноти и музички забелешки. Во 2019, речиси 250 години после неговата смрт, тим на меѓународни музиколози и експерти за вештачка интелигенција се собраа да ја комплетираат недовршената симфонија на Бетовен.

    Идејата беше да се искористи вештачката интелигенција за да се анализираат сите податоци за уметничкото наследство на Бетовен и да откријат што може да сторат со него.

    Австрискиот композитор Валтер Верцова, кој живее во Виена каде Бетовен го поминал најголемиот дел од животот, беше вклучен во преведувањето на делата на Бетовен. За него било возбудливо секое утро да прави избор од варијациите од музиката на Бетовен и темите, кои му ги праќале американските колеги од Универзитетот Рaтгерс во САД.

    Но, критичарите велат оти резулатите од звукот биле крајно разочарувачки. Според нив, тоа е затоа што вештачката интелигенција никогаш не патела по љубов, не се опила или пак си истурила кофа мраз на главата, работи кои ги направил Бетовен.

    Но, за Верцова тоа не ја менува самата музика, не ги менува нотите кои биле вметнати во вештачката интелигенција.

    Емоциите секако влијаеа врз Бетовен како да ги напише своите ремек-дела, но се разбира, машината не го постигна резултатот претставен во Бон самостојно, затоа што Верцова и тимот музиколози и експерти за вештачка интелигенција ги избраа темите. Ковид пандемијата им даде повеќе време да работат на делото, и затоа го пропуштија крајниот рок во 2019. Но, тие се задоволни од крајниот звук и велат оти Десеттата симфонија сега е комплетно уметничко дело.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира