СОЈУЗНАТА ДРЖАВА ВАШИНГТОН ГО ЛЕГАЛИЗИРАШЕ ПРОЦЕСОТ НА ДОБИВАЊЕ ЃУБРИВО ОД ЧОВЕЧКИ ТЕЛА

    СОЈУЗНАТА ДРЖАВА ВАШИНГТОН ГО ЛЕГАЛИЗИРАШЕ ПРОЦЕСОТ НА ДОБИВАЊЕ ЃУБРИВО ОД ЧОВЕЧКИ ТЕЛАЧовечко компостирање се сфаќа како алтернатива на погреби и кремирање (Фото: Гети)

    Вашингтон стана прва сојузна држава во САД која легализираше компостирање на човечки остатоци. Според новиот закон, луѓето ќе можат да изберат нивното тело да се користи како природно ѓубриво по нивната смрт.

    Овој процес се сфаќа како алтернатива на погреби и кремирање, но и е практична опција во градовите кои имаат недостиг од земјиште за гробишта. На крајот на процесот на компостирање, семејството ќе добие дел од почвата, што може да ја искористи за садење цвеќиња, растенија или дрвја.

    Катрина Спејд, која лобираше за донесувањето на овој закон, основа компанија која прва би можела да почне да дава вакви услуги.

    „Рекомпостирањето нуди природна, безбедна и одржлива алтернатива за погреби и кремирање и ќе резултира со значително намалување на емисијата на штетни гасови и со заштеди во земјиште“, изјави Спејд.

    Таа појасни дека во овој процес телото се одложува во челичен контејнер, кадешто 30 дена се распаѓа по природен пат, за да се добијат две колички почва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира