СОПРУГАТА НА ВИМ ВЕНДЕРС НОСЕШЕ ФУСТАН ОД ВИДЕОЛЕНТИ ОД НЕГОВИ ФИЛМОВИ НА ОТВОРАЊЕТО НА БЕРЛИНАЛЕ

    СОПРУГАТА НА ВИМ ВЕНДЕРС НОСЕШЕ ФУСТАН ОД ВИДЕОЛЕНТИ ОД НЕГОВИ ФИЛМОВИ НА ОТВОРАЊЕТО НА БЕРЛИНАЛЕДоната и Вим Вендерс синоќа на отворањето на 76. издание на Берлиналето. (Фото: ДПА)

    Сопругата на германскиот режисер Вим Вендерс, фотографката Доната Вендерс, носеше фустан изработен од стари видеоленти од филмовите на нејзиниот сопруг на синоќешното отворање на 76. издание на Берлиналето. Вим Вендерс е претседател на жирито за Златна мечка на годинешното Берлинале.

    Фустанот беше изработен од видеоленти од филмовите „Париз, Тексас“ и „Небото над Берлин“.

    „Што е посоодветно за еден филм фестивал од тоа да носиш фустан направен од филмовите на Вим. Плус,  толку е удобен за носење,“ изјави Доната Вендерс во соопштение објавено од берлинскиот бренд за одржлива мода „Круба“, кој го изработи фустанот.

    Пред две години, Доната Вендерс носеше фустан направен од видеоленти и на доделувањето на Оскарите.

    „Материјалот носи историја, емоција и дел од културата“, изјави дизајнерката Мира вон дер Остен. Материјалот прекрасно си игра со светлината. Беше задоволство да ја облечам Доната Вендерс во филм и да ја промовирам одржливоста на црвениот тепих“.

    Берлинале се затвора на 22 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира