СТАКЛЕНА ВАЗНА КУПЕНА НА СТАРО ЗА 3,99 ДОЛАРИ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА НАД 107.000 ДОЛАРИ

    СТАКЛЕНА ВАЗНА КУПЕНА НА СТАРО ЗА 3,99 ДОЛАРИ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА НАД 107.000 ДОЛАРИИспадна дека вазната е од ретката серија „Пенелате“ што славниот италијански архитект Карло Скарпа ја дизајнирал за „Венини“ во 1942 и изработена во Мурано. (Фото: Рајт)

    Стаклена вазна што жена од Вирџинија, САД ја купила за 3,99 долари во продавница за користени предмети, се продаде на аукција за над 107.000 долари. Дизајнирана е во облик на шише со кружна шара – елегантно изработена со проѕирно црвено и непроѕирно зелено стакло. Ознаките на основата на вазната укажуваат дека е направена во „Венини“, познатата италијанска стакларска компанија, од висококвалитетно Мурано стакло.

    Се покажа дека вазната е од серијата „Пенелате“ што Карло Скарпа, архитект кој исто така се занимавал со стаклени садови и мебел, ја дизајнирал за „Венини“ во 1942 година, за време на неговиот мандат како креативен директор на компанијата. Терминот „пенелате“ се преведува како „потези со четка“, како референца на сликарскиот изглед на вазната. Вазната го демонстрира „концептот на Скарпа за вазна како платно“, напиша аукциската куќа „Рајт“ во својот оглас за аукцијата, додавајќи дека бројките за производство за серијата биле „многу ниски – веројатно затоа што парчињата биле многу тешки за правење“.

    Работата на Скарпа во стакло беше меѓу најиновативните на островот Мурано. Серијата „Пенелатe“ не беше масовно произведувана или купувана во тоа време – така што е сосема ретко да се најде дело како ова.

    Вазната потоа беше ставена како дел од аукцијата на „Рајт“ насловена „Важно италијанско стакло“ и проценета помеѓу 30.000 и 50.000 долари. Вазната се продаде за над 107.000 доалри, или двојно повеќе од највисоката проценка. Идентитетот на купувачот не е јавно откриен, но кажано е дека е „ценет колекционер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира