СТЕНД АП КОМИЧАР ПОЧИНА НА СЦЕНА, ПУБЛИКАТА ПРОДОЛЖИЛА ДА СЕ СМЕЕ

    СТЕНД АП КОМИЧАР ПОЧИНА НА СЦЕНА, ПУБЛИКАТА ПРОДОЛЖИЛА ДА СЕ СМЕЕИјан Когнито од старт не се чувствувал добро, но инсистирал шоуто да се одржи

    Стенд ап комичарот Ијан Когнито починал на сцена и публиката продолжила да се смее, мислејќи дека тоа е дел од неговиот настап.

    Трагичниот настан се случил во бар во англискиот град Бистер, кога 60-годишниот Когнито во еден момент почнал да го губи здивот и седнал на столче и во таа положба останал пет минути, пред останатите да сфатат дека нешто не е во ред. Лекарите го прогласиле Когнито за мртов на самото место.

    Ендрју Брд, сопственикот на барот, изјави дека Когнито од старт не се чувствувал добро, но инсистирал шоуто да се одржи.

    „Неговиот глас беше силен, звучеше како стариот Когнито. Си помислив дека има баш добар настап. Тој дури се шегуваше за своето здравје за време на настапот и дури ѝ кажал на публиката ‘замислете сега да умрам пред сите вас‘“, изјави Брд, додавајќи дека прв излегол на сцена да види дали Когнито е во ред.

    „Сите, дури и јас, мислевме дека се шегува“.

    Когнито, чие вистинско име беше Пол Барбиери, настапуваше од средината на 1980-ите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари