СТИНГ ПОБЕДИ ВЕЧЕРВА, БИ СЕ ВРАТИЛ ВО СКОПЈЕ, ПУБЛИКАТА ВО ЕУФОРИЈА

    СТИНГ ПОБЕДИ ВЕЧЕРВА, БИ СЕ ВРАТИЛ ВО СКОПЈЕ, ПУБЛИКАТА ВО ЕУФОРИЈА„Ви благодарам, треба да се вратиме повторно“, рече Стинг - (Фото: Авалон)

    Стинг победи вечерва, едногласна е реакцијата на публиката во салата „Борис Трајковски“, за вечерашниот концерт на легендарната британска рок ѕвезда во Скопје.

    „Ви благодарам, треба да се вратиме повторно“, рече Стинг по вториот бис со „Кршливо“ (Fragile), на кој публиката едногласно пееше со него.

    „Ѕвер“, „Фраер“ се само дел од коментарите во салата и на социјалните мрежи за 66-годишниот музичар, кој е во одлична форма. Со нови песни и со големите хитови, и со врвно изведеното осветлување и озвучување, Стинг предизвикуваше еуфорија и максимално уживање кај публиката од сите генерации.

    Специјален гостин на концертот на Стинг во Скопје беше неговиот син Џо Самнер – (Фото: СДК.МК)

    Музичарот во Скопје дојде со специјален лет од Будимпешта, а оттука заминува за Романија, каде ја продолжува светската турнеја за неговиот последен албум „57-ма & 9-та“.

    Стинг настапи со своите долгогодишни соработници, гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин беше неговиот син Џо Самнер, кој ја шармираше публиката на почетокот на концертот.

    Стинг пристигна денес околу 15 часот на скопскиот аеродром, а како најстрога тајна се чуваше локацијата каде ќе ноќева. Со оглед на тоа дека си носи свој готвач и продуценти, Стинг немал никакви посебни барања, ниту пак рајдер листа, на пример, што да има околу него во гардеробата.

    Концертот го организираше „Авалон продукција“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира