СТЈУАРД НА „БРИТИШ ЕРВЕЈС“ УАПСЕН ОТИ СРЕДЕ ЛЕТ СЕ ДРОГИРАЛ И ГОЛ ТАНЦУВАЛ ВО ТОАЛЕТОТ

    СТЈУАРД НА „БРИТИШ ЕРВЕЈС“ УАПСЕН ОТИ СРЕДЕ ЛЕТ СЕ ДРОГИРАЛ И ГОЛ ТАНЦУВАЛ ВО ТОАЛЕТОТ„Бритиш ервејс“ ја потврди неговата суспензија, а во тек е целосна полициска истрага. (Фото: Гети)

    Патниците на „Бритиш ервејс“ од Сан Франциско до Лондон беа запрепастени кога стјуард беше најден како танцува гол во тоалетот во бизнис класата – наводно под дејство на дрога. Стјуардот исчезнал за време на служењето на оброците, поради што колеги од екипажот почнале да го бараат низ на двокатниот авион „ербас А380-800“. Тој беше откриен гол, некохерентен и со непредвидливо однесување во тоалетот на бизнис класата. Колегите го облекле во пижами што ги добиваат патниците од прва класа и го задржаа врзан на премиум седиште до крајот на десетиполчасовниот лет.

    Патниците што седеа во близина велат дека надреалната сцена се одвиваше во тишина, со по некој шепот и погледи. „Не изгледаше реално. Беше хаос – но тивко“, рече еден патник.

    Во авионот имало преку 470 патници, а дел од екипажот работел без паузи за да ги покрие неговите должности. Мажот го пречекале полицајци и медицински лица при слетувањето на Хитроу. „Бритиш ервејс“ ја потврди неговата суспензија, а во тек е целосна полициска истрага.

    Авиокомпанијата не коментираше за конкретните супстанции што ги користел, но внатрешни извори велат дека членот на екипажот неодамна бил предупреден за непрофесионално однесување. Инцидентот следи по низата вознемирувачки случаи на недолично однесување во кои е вклучен персоналот на авиокомпанијата во Обединетото Кралство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира