СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИЈА НАГРАДА НА САМИТОТ ВО ВИЕНА 

    СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИЈА НАГРАДА НА САМИТОТ ВО ВИЕНА Најголемиот собир на уредници собра новинари и медиумски иноватори од 70 земји - една д дебатите во Виена (Фото: ГЕН)

    Базата на податоци „Странски инвестиции под лупа“ на БИРН Македонија беше  меѓу петте номимирани за глобалната Награда за дата новинарство 2017, во категоријата – мали редакции, но не успеа да ја добие престижната награда.

    Тие беа избрани во конкуренција од вкупно 99 апликации во оваа категорија.

    Наградата ја доделува Глобалната мрежа на уредници на церемонија што се одржа во палатата Хофбург во Виена за време на седмиот Самит на Глобалната мрежа на уредници.

    Претходни лауреати на најголемото глобално признание за дата новинарство, меѓу другите, се: BuzzFeed, Quartz, The New York Times, The Guardian, ProPublica, La Nación, но и помали редакции како Ojo Publico, Civio Foundation и Convoca.

    Базата „Странски инвестиции под лупа“, која БИРН Македонија ја објави во јануари 2017 ги истражува резултатите од политиката на привлекувањето на странските инвестиции во Македонија. Таа открива дека e инвестирано седум пати помалку од најавеното и дека се отворени три пати помалку работни места отколку што беше ветено.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира