СТУДЕНТКА СО ДАУНОВ СИНДРОМ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА МИС АМЕРИКА

    СТУДЕНТКА СО ДАУНОВ СИНДРОМ СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА МИС АМЕРИКА22-годишната Микајла се надева дека нејзиниот настап на сцената покрај другите учеснички во ноември ќе сруши многу бариери. (Фото: Фејсбук)

    Студентката Микајла Холмгрен од Минесота се смета за првата девојка со Даунов синдром која се натпреварува во изборот за Мис Америка.

    Прогласувањето за Мис Америка е сон на илјадници млади девојки и како и многу дурги девојки пред неа, 22-годишната Микајла беше примена првин на државниот натпревар во Минесота, правејќи го првиот чекор кон финалната, гламурозна церемонија, која ќе биде емитувана на национална телевизија.

    Единствената разлика помеѓу Микајла и другите девојки е што таа има Даунов синдром, но тоа не претставува пречка за неа.
    „Убавината доаѓа од внатре кон надвор. Јас сум среќна и радосна. Ова е речиси прекрасно“, изјави таа за локалната телевизија „Фокс 9“, зборувајќи за нејзиното искуство во трката за тијарата на Мис Минесота.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира