Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ и член на инвестициската група М6, е добитникот на годинашната награда за личност на годината во Југоисточна Европа – SEE Personality 2018.
Наградата се доделува на истакнати личности од регионот, кои со своето делување и со поддршката што ја обезбедуваат за културата, уметноста и за други општествени дејности придонесуваат за негување на европските вредности и за севкупната европеизација на Југоисточна Европа.
Јаневски го прими признанието на посебна церемонија на 2 јуни во Париз, на последниот ден од осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – „SEE a Paris”.
Од оваа година, овој фестивал се одржува под покровителство на Министерството за култура на Франција.