Денес во Тајланд почна погребот на кралот Бумибол Адулајадеј кој ќе трае 5 дена, со ритуалот што ќе го изведува неговиот син додека се прават подготовки за пренесување на остатоците на кралот во спектакуларниот златен крематориум.
Илјадници оплакувачи облечени во црно од глава до пети, издржаа тропски жештини во текот на денот и пороен дожд во ноќта додека чекаа да влезат во историскиот кралски кварт на главниот град на Тајланд, за да се збогуваат со монархот кој бил познат како обединувачкиот симбол за време на неговото владеење од 7 децении.
Се очекува дека околу 250.000 луѓе ќе излезат на улиците на Бангкок во кралскиот кварт за да бидат сведоци на деталната церемонија од која ќе има и ТВ пренос.
Традиционално, починатите членови на кралската фамилија биле исправени во раскошни урни за време на официјалното оплакување. Но, Бумибол бидејќи поголемиот дел од младоста го поминал на Запад, имал желба да биде во ковчег и урна поставена до него за побожна цел.
Кралот почина на 88 години на 13 октомври, 2016 и народот на Тајланд го оплакува цела година. Повеќе од 12 милиони луѓе, што е скоро 1/5 од популацијата на Тајланд, ја посетиле палатата Дусит каде што е кралскиот престол за да оддадат почит.
Во просториите на раскошната кралска палата Дусит, каде веќе една година се чуваат посмртните останки од кралот, ќе започне серија церемонии и процесии во кои ќе биде вклучено и кремирањето на Бумибол.