СО ТАНДЕМ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ СЛЕПИТЕ СЕ ВОЗАТ НИЗ БЕРЛИН

    СО ТАНДЕМ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ СЛЕПИТЕ СЕ ВОЗАТ НИЗ БЕРЛИНВозачот и патникот - лице со оштетен вид, мора да комуницираат цело време, во случај на застанување, кочење или на појавување на неочекувана пречка.

    Возењето со велосипед обично не е опција за лицата со оштетен вид или слепите, освен ако постои совозач. Спортскиот клуб за слепи и лица со оштетен вид (ББСВ) во Берлин им овозможува на сите овие лица да можат да се спојат во двојка со искусни возачи на велосипед за да го доживеат градот со сите негови звуци и мириси преку организирање екскурзии на тандемски велосипедизам за лица со оштетен вид.

    На еден од велосипедите се наоѓа возачот Дирк на предното седиште, а зад него 61-годишниот Јирген со оштетен вид. Обичниот пешак веројатно не би забележал дека Јирген е слеп, ако не би бил знакот за лица со оштетен вид на задниот дел од велосипедот, жолт круг со три црни точки.
    „Дали некој е слеп или со оштетен вид, не е многу важно за мене“, вели 54-годишниот возач Дирк.
    „Тандем велосипедизмот е речиси единствениот спорт кој што сум во состојба да го правам“, вели Јирген.

    Нему му се допаѓа фактот што велосипедите не се специфично обележани.
    „Немаме намера да го рекламираме фактот дека сме слепи“, вели тој.
    Јирген исто така има и свој тандем велосипед, кој што го вози со сопругата.
    За време на возењето, Јирген и Дирк се разбираат меѓусебно речиси без зборови. Под убавото сонце и синото небо, тие поминуваат мирно преку паркот Грунвалд и езерата во јужнозападен Берлин.

    Светската здравствена организација во 2014 година објави дека во светот има 246 милиони луѓе до оштетен вид, а 39 милион слепи.
    Во Германија, тандем велосипедизмот за луѓе со оштетен вид не се наоѓа само во Берлин, туку и во Кел, Хамбург, Офенбах, Дармштад и Стендал.

    Не секој човек со здрав вид може да биде адекватен за возач на тандем велосипед. Возачот и „патникот“ мора да комуницираат цело време, во случај на застанување, кочење или на појавување на неочекувана пречка. Честопати за возачот е тешко да замисли како е да биде во состојба на лицето кое го возат.
    „Тандем велосипедизмот им овозможува на сите лица со пречки во видот да можат да го поминат слободното време на еден поинаков начин. На патот кон поинклузивно општество, ова претставува едне мал проект, но за поединците кои се вклучени, може да биде од голема вредност“, заклучува Рајнер Делгадо, официјален претставник на спортскиот клуб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира