Финската влада објави дека планира и на двајцата родители да им даде исто породилно отсуство, со цел да им се овозможи на татковците да поминуваат повеќе време со своите новородени деца. Платеното отсуство ќе се зголеми на вкупно 14 месеци, односно на 164 денови по родител.
Шведска го има најдарежливиот систем на породилно отсуство во Европа, при што секој родител добива по 240 слободни платени денови по раѓањето на бебето.
Финската влада соопшти дека на овој начин сака да промовира добросостојба и родова еднаквост.
„Радикалната реформа на семејните придобивки започна, со цел од старт да се зацврсти врската на родителите“, изјави министерката за здравство и социјални работи Аино-Каиса Пеконен.
Според досегашниот систем, мајките имаат 4,2 месеца породилно отсуство, а татковците добиваа 2,2 месеца додека детето не наполни две години, што сега ќе биде зголемено на 6,6 месеци за секој родител, односно по 164 денови.